More

    Разочарувањето што го чувствувам е невозможно да се опише

    spot_img

    Џони Деп не беше присутен во судот кога беше објавена пресудата, бидејќи во моментот се наоѓа во Њукасл, Англија, додека Амбер Херд беше во судницата. Таа влезе насмеана, а излезе со наведната глава.

    Поротата донесе пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати.

    Актерот го доби спорот и Амбер Херд беше прогласена за виновна.

    Пресудата беше прочитана во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија нешто по 21 часот. Џони Деп не беше на читањето на пресудата бидејќи се наоѓа во Англија.

    По пресудата, се огласија и двајцата поранешни сопружници.

    Амбер Херд, меѓу другото, рече дека е „неописливо разочарана“ и дека ѝ е скршено срцето, опишувајќи ја пресудата како „назадување“ што ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.

    „Разочарувањето што го чувствувам денеска е неописливо. Срцето ми е скршено што толкава планина докази сè уште не беше доволна за да се спротивстави на непропорционалната моќ на влијанието на мојот поранешен сопруг.

    Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување. Тоа го враќа часот во времето кога жената што проговорила може јавно да биде посрамотена и понижена. Со ова се отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.

    Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги игнорира доказите кои беа толку убедливи што победивме во Велика Британија.

    Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што се чини дека го изгубив правото коешто мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“, наведе Амбер Херд во својата објава на Твитер.

     

     

    Амбер Херд брзо ја напушти судницата по читањето на пресудата, а цело време гледала во подот.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img