More

    Работодавачите бараат законот да важи до ноември 2024 година

    spot_img

    Организацијата на работодавачи бара до 31 октомври 2024 година државата да ги субвенционира придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.

    Законот законт за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. е донесен во 2019 година и има важност до 31 септември 2022 година, а главна негова цел беше  зголемување на платите на работниците.

    Како главна причина за продолжување на примената на овој закон, работодавачите ги наведуваат зголемените трошоци во работењето поради високите цени на енергенсите, што може да се одрази на редовната исплата на платите и запирањето на растот на платите.

    -Компаниите се соочуваат со енорно зголемени трошоци за производство и ги прават сите напори да останат конкурентни на пазарот и да ги задржат работните места, сметаме дека е од особена важност да се продолжи со субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување по основ на зголемување на плата како би можеле да го издржат периодот кој престои. Сакаме да истакнеме дека се работи за закон, кој имаше поставено јасни цели за неговото донесување, беше многу лесно применлив и ја оствари целта за која што беше донесен –покачување на платите на вработените. Одредбите од законот беа мотив плус за да се направат зголемувања на платите кај многу компании и за голем број на вработени и без таа реална подршка товарот на компаниите во овој момент би бил многу голем и ќе преставува пречка за исплата на платите кај голем број компании, а идното покачување на платите целосно би се стопирало – вели претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајкоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img