More

    Работниците бараат да им се зголемат платите

    spot_img

    Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

    Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

    Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.

    Од ССМ ги повикаа и останатите синдикални организации и конфедерации во земјава да се приклучат на првомајскиот протест и заеднички да се изборат за работничките права.

    @Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање на нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците“, се вели во прогласот на ССМ.

     

    Барањата за повисоки плати годинава се во фокусот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Порастот на цените на храната и енергенсите и зголемената инфлација што се јавија како последица од глобалната енергетска криза и руско-украинскиот конфликт ги принудија синдикатите да се мобилизираат и секој на свој начин, преку протести и штрајкови, да бараат зголемување на платите за работниците.

    Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кој организираше тринеделен генерален штрајк во образованието, во моментот е во фаза на мирно решавање на спорот откако во четвртокот го стави штрајкот во мирување. И Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави секојдневни протести во текот на април, барајќи зголемување на бодот на плата во јавниот сектор, но протестите беа прекинати со образложение дека се врши притисок врз вработените во јавниот сектор.

    Анализите на ССМ покажуваат дека минатиот месец инфлацијата е зголемена за 8,8 проценти и дека доколку поскоро не се зголемат платите, инфлацијата ќе го „изеде“ бараното зголемување.

    – Затоа е нашето барање за зголемување на платите од 2.806 денари што побрзо, бидејќи гледаме дека инфлацијата секој месец е се поголема и доколку овие пари не ги добиеме ден побрзо можеби нивната вредност следниот месец ќе биде помала, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференцијата во петокот.

     

    Ставот на Владата е дека платите треба да растат, но смета дека само преку дијалог може да се дојде до најдоброто одржливо решение. Оттаму велат дека по минималната, ќе растат и останатите плати, но дека е потребна поголема продуктивност и ефикасност кај вработените во јавниот сектор.

     

    Во наредните шест месеци, како што најави Ковачевски, ќе се работи и на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите.

    – Има јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседателот на државата – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img