More

    Путин ја одликува воената единица обвинета за злосторства

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе.

    Припадниците на 64-та бригада се одликувани за посебни заслуги, херојски акции и храброст, соопшти Кремљ. За време на одликувањето, Путин зборуваше за нивното „искусно и посветено однесување“ за време на руската „специјална воена операција“ во Украина.
    Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча, кои беа откриени дури откако руските сили се повлекоа од тој дел на Украина.

    Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил.

    Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат“ со цел да се оцрни руската војска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img