More

    Путин со честитка за 8ми Март: Мајки, бидете горди на своите синови војници

    spot_img

    Путин им го честиташе 8 март на жените, а во честитката им се обрати на мајките, сопругите, сестрите и невестите на руските војници кои моментално се на задача во Украина, јави РИА.

    – Сакам да апелирам до мајките, сопругите, сестрите, невестите и девојките на нашите војници и офицери кои сега се борат, кои ја бранат Русија за време на специјална воена операција. Разбирам дека се грижите за вашите најблиски. Можете да бидете горди на нив. И целата земја се гордее со нив. Јас се грижам за нив заедно со вас. Нагласувам дека војниците кои служат воен рок не учествувале и нема да учествуваат во конфликти и дека нема да има дополнителен повик за резервисти – рече Путин во видеообраќање.

    Претседателот во говорот ја спомна и руската кралица Екатерина Велика која била наречена „матушка“, односно мајка и иако не била Русинка по потекло рекла дека „ќе ја брани својата татковина со пенкало, со уста и со меч, сѐ додека е жива“.

     

     

    Путин нагласи и дека поставените задачи ги решаваат само професионалните војници, ниту пак ќе бидат повикани регрути или војници од резервниот состав. Шефот на Русија додаде дека е сигурен дека војниците ќе обезбедат безбедност и мир за народот на Русија.

    Тој им се заблагодари и на жените кои служат во вооружените сили на Руската Федерација.

    „Посебни зборови на почит за жените кои ја извршуваат својата должност, служат во редовите на руските вооружени сили. Ви благодариме за вашата лојалност кон татковината“, стоело во честитката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img