More

    Путин слета во Иран, ќе се зборува за житото и за дроновите

    spot_img

    Руски „Газпром“ и Иранската национална нафтена компанија потпишаа Меморандум за стратешка соработка, пренесува иранската новинска агенција Тасним. Националната нафтена компанија нагласува дека ова е најголемата странска инвестиција во историјата на иранската нафтена индустрија.

    Меморандумот е потпишан на денот кога рускиот претседател Владимир Путин пристигнува во Иран, пренесува Спутник. Тој денеска допатува во главниот град на Иран, Техеран каде ќе се сретне со иранскиот и турскиот претседател, Ибрахим Раиси и Реџеп Тајип Ердоган.

    Како што вчера соопшти Кремљ, Путин со Раиси и Ердоган ќе разговара за извозот на украинското жито, како и за и за Сирија, каде трите земји се воено ангажирани.

    Претставници на Обединети нации, на Русија, на Украина и на Турција минатата недела постигнаа првичен договор за обезбедување на извоз на 22 милиони тони жито и други земјоделски производи што се блокирани во украинските црноморски пристаништа поради војната.

    Додека западните земји воведуваат санкции кон Русија и инвазијата продолжува, Путин се обидува да ги зајакне врските со Техеран, кој и самиот е цел на строги американски санкции, но е и потенцијален воен и трговски партнер за Москва.

    Белата куќа соопшти дека во изминатите неколку недели, руските официјални лица посетиле аеродром во централен Иран најмалку двапати за да ги прегледаат беспилотните летала на Техеран што тој би можел да ги користи во Украина.

    Турција, која е членка на НАТО, се најде на спротивната страна со Русија во крвавите конфликти во Азербејџан, во Либија и во Сирија. Анкара дури продаваше смртоносни дронови што ги користеа украинските сили за напад врз Русија.

    Но, Турција не воведе санкции за Кремљ, бидејќи Анкара борејќи се со инфлацијата и падот на вредноста на лирата се потпира на рускиот пазар.

    Средбата има симболично значење и за домашната публика на Путин, бидејќи го покажува меѓународното влијание на Русија, иако таа е сè поизолирана.

    Патувањето на Путин се случува само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ги посети Израел и Саудиска Арабија, кои се во непријателски односи со Техеран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img