More

    Путин: Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД дека го продолжуваат украинскиот конфликт и се обидуваат да го „дестабилизираат“ светот со неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

    „Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот. И тие го прават тоа со поттикнување на можноста за конфликт во Азија, Африка и Латинска Америка“, рече Путин во обраќањето на Меѓународната безбедносна конференција во Москва.

    Путин ја оцени посетата на Ненси Пелоси на Тајван како дел од американската стратегија за дестабилизација на ситуацијата во тој регион.

    „Американската авантура со Тајван не е само патување на неодговорен политичар, туку дел од свесна и намерна стратегија за дестабилизација и создавање хаос во регионот и светот“, смета рускиот претседател.

    Путин додаде дека посетата претставува „дрски приказ на (американското) непочитување на суверенитетот на другите земји и меѓународните обврски. Тој оцени дека станува збор за „внимателно подготвена провокација“.

    Односите меѓу САД и Русија, кои спроведуваат офанзива во Украина од 24 февруари и постојано ја осудуваа испораката на американско оружје на украинските власти во последните месеци, доживуваат период на невидена тензија.

    Русија, која е погодена со тешки санкции поради војната во Украина, се обидува да ги зајакне односите со земјите од Африка и Азија, особено со Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img