More

    Путин потпиша закони за прием на нови територии во Русија

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша федерални уставни закони за прием на нови територии во Русија и формирање на нови субјекти на федерацијата, пренесе РИА Новости.Русија ги анектираше областите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

    Ова се случи по референдумите што се одржаа во овие региони од 23 до 27 септември. Во ДНР за оваа одлука гласале 99,23 отсто од гласачите, во ЛНР 98,42 отсто, во Херсонската област 87,05 отсто и во Запорожје 93,11 отсто, додава руската агенција.

    Беа објавени и декрети за назначување на Леонид Пашечник за вршител на должноста шеф на Луганската Народна Република и Денис Пушилин за Доњецк.

    На 30 септември Путин потпиша договори со шефовите на овие територијални ентитети за прием на регионите во федерацијата, а Уставниот суд ги призна овие договори.

    Руските сили во моментов не контролираат целосно ниту една од четирите области.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img