More

    Путин погрешно процени сè, а бунтот се шири во воените кругови

    spot_img

    Неговите советници го дезинформираат рускиот претседател Владимир Путин за тешкотиите на руската армија во Украина, според извештаите на американската разузнавачка служба, пишува Њујорк Тајмс.

    Според неколку американски функционери, се чини дека има растечки тензии меѓу Путин и Министерството за одбрана, вклучувајќи го и самиот министер Сергеј Шојгу, кој беше во најтесниот круг на Путин и претседателот силно му веруваше.

    Говорејќи во Алжир, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека неговите советници не му даваат на Путин точни и целосни информации.

    – Во врска со претседателот Путин, можам да го повторам она што го кажав претходно, една од Ахиловата пети на автократијата е дека во такви системи немате луѓе кои ја кажуваат вистината на моќните или имаат можност да ја кажат вистината на моќните – рече Блинкен и додаде:

    – Мислам дека сега го гледаме во Русија.

    Русите сè уште не напредуваат во војната
    Други американски официјални лица рекоа дека ригидната изолација на Путин за време на пандемијата и подготвеноста јавно да ги казни неговите советници кои не ги делат неговите ставови, создадоа одреден степен на претпазливост или дури и страв кај високите руски воени функционери.

    Тие веруваат дека Путин добива нецелосни или премногу оптимистички извештаи за напредокот на руските сили, што доведе до недоверба кон неговите воени советници.

    Незнаењето на Путин покажува „јасен прекин во протокот на точни информации што доаѓаат до рускиот претседател“ според зборовите на американски функционер кој сакаше да остане анонимен за да зборува за декласифицирани, но сè уште чувствителни теми.

    Сега постои „постојана тензија“ меѓу Путин и Министерството за одбрана, рече официјалниот претставник.

    Оценката на американската разузнавачка служба покажува и дека Путин нема целосно знаење колку западните санкции навистина се штетни за руската економија.

    Русите сè уште не напредуваат во војната. Украинските сили не само што ги одбиле руските напади, туку започнале и контранапади. Некои американски функционери веруваат дека високите руски функционери се претпазливи да даваат вистинити проценки, можеби стравувајќи дека како носители на лоши вести ќе бидат обвинети за неуспех на бојното поле.

    Некои завршија во домашен притвор
    Путин, наводно, ставил во домашен притвор двајца високи разузнавачи бидејќи му донеле неточни информации пред инвазијата, нешто друго што може да се припише на климата на страв.

    Со зголемените докази за зголемената фрустрација на Путин, американската страна во последните недели се повеќе се уверува дека Путин не ги добива вистинските информации од неговото министерство за одбрана и од највисоките функционери.

    Американците веруваат дека Путин е доведен во заблуда и дека неговите високи советници не се подготвени да му ја кажат вистината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img