More

    Путин официјално ги анектира украинските територии

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша документот за формална анексија на четири украински провинции окупирани од руските трупи, на што претходеше седуммесечна војна. Незаконската анексија, веднаш наиде на критики и отфрлање од голем дел од меѓународна заедница, која потенцира тоа е спротивно на меѓународното право и Повелбата на ОН.

    Четворица проруски лидери на окупираните руски региони потпишаа договор со Путин за припојување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Русија, што претставува 15 отсто од територијата на Украина.

    По потпишувањето на договорот, толпата извикуваше „Русија, Русија!”.

    На потпишувањето на документите, претходеше 40-минутен говор на Путин, во кој тој го обвини Западот за „сатанизам” и воедно ги праша присутните дали сакаат на нивните деца да им се нудат операции за промена на полот. Путин ги обвини Британците, или како што тој ги нарече „англосаксонците” дека помогнале во организирање на саботажа на гасоводите во Балтичкото Море. Рускиот лидер ја повика Украина „веднаш да ги прекине сите воени акции и војната што ја започна во 2014 година”, додавајќи дека „Киев мора да се врати на преговарачка маса”.

    Церемонијата се одржа три дена по завршувањето на набрзина организираните референдуми, по што поддржувачите на Москва во окупираните региони изјавија дека мнозинството гласачи, или 99 отсто од нив, се изјасниле за приклучување кон Русија. Владите на Украина и западните земји референдумите ги нарекоа незаконски и лажни и сметаат дека тие биле спроведени со закана со оружје, за што сведочеа и многу видеа објавени на социјалните меидуми. Во говорот кој постојано беше прекинуван со аплауз, Путин изјави дека Русија има четири нови региони.

    Киев: Ќе си ги вратиме украдените територии

    Од своја страна, Киев вети дека ќе ги врати сите региони што Русија ги украде од Украина и им порача на Русите дека нивната одлука за анексија на тие територии ја уништи секоја можност за преговори.

    Реакции на незаконската анексија пристигнаа веднаш. Лидерите на ЕУ денеска ветија дека „никогаш нема да ја признаат” нелегалната анексија на четирите украински региони кон Русија и го обвинија Кремљ дека ја загрозува глобалната безбедност.

    – Цврсто ја отфрламе и недвосмислено ја осудуваме нелегалната анексија од страна на Русија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон – се вели во соопштението на 27-те лидери на ЕУ.

    Анексијата никогаш нема да биде признаена

    Британската премиерка Лиз Трас изјави дека Британија никогаш нема да ги прифати регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како што било друго освен украинска територија.

    – Нелегалната анексија нема да промени ништо. Целата анектирана територија е окупирана од Путин, таа е украинска земја и секогаш ќе биде дел од Украина”, коментираше на Твитер претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен.

    Американскиот претседател Џо Бајден синоќа вети дека САД никогаш нема да ги признаат руските територијални претензии кон Украина, напротив, Вашингтон подготвува нова рунда санкции против Русија откако таа анектира нова украинска територија.

    Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека ова е опасна ескалација, за која нема место во современиот свет и не смее да се прифати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img