More

    Путин на воените вежби, Зеленски смета на помош од наследникот на Џонсон

    spot_img

    Путин на воените вежби, Зеленски смета на помош од наследникот на Џонсон
    Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во големи воени вежби кои руската армија ги спроведува на Далечниот исток заедно со Кина и уште неколку земји. Се очекува Путин таму да ја следи последната фаза од вежбите, кои почнаа минатиот четврток, а ќе завршат во среда. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека новата британска премиерка Лиз Трус ќе помогне да се запре руската агресија.

    Путин на местото на вежбата се сретна со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе руската новинска агенција Тас.

    Подоцна, според неговата најава, се очекува рускиот претседател да го разгледа и последниот дел од вежбите кои завршуваат в среда.

    Воените вежби наречени „Восток 2022“ се одржуваат во неколку области наменети за воена обука на рускиот Далечен Исток и во морето во близина на источниот брег. Според Москва, во нив учествуваат повеќе од 50.000 војници, а се вклучени повеќе од 5.000 парчиња воена опрема, вклучувајќи 140 авиони и 60 бродови.

    Земјите-учеснички вклучуваат неколку соседи на Русија, како и Сирија, Индија и клучниот сојузник Кина. Слични вежби последен пат беа одржани во 2018 година.

    Зеленски смета на Трус да и помогне на Украина да ја запре руската агресија
    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изрази надеж дека новиот лидер на британските конзервативци и наследничка на Борис Џонсон на чело на владата, Лиз Трус, ќе му помогне на Киев да ја запре руската агресија. Во меѓувреме, руските власти денеска соопштија дека не очекуваат промени на подобро во односите со Велика Британија.

    Во својот говор во понеделникот, украинскиот претседател истакна дека со нетрпение го очекува почетокот на соработката со новата британска премиерка Лиз Трус, пренесува француската новинска агенција АФП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img