More

    Путин му кажа на Ердоган кои се неговите услови за крајот на војната

    spot_img

    Во четвртокот попладне Владимир Путин му се јави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и во полчасовен разговор детално објасни кои се неговите услови за повлекување на неговите војници од Украина.

    Новинар на Би-Би-Си го повикал советникот и портпаролот на Ердоган, кој го „прислушувал“ разговорот на двајцата државници и детално раскажал како се одвивал разговорот.

    Според него, барањата на Путин можат да се поделат во две категории. Првиот содржи четири услови и според сите проценки Украина би можела да ги прифати.

    Значи, она што веќе се пишуваше за многу – неутралност, писмено ветување дека нема да оди во НАТО… Значи, се што всушност вети Зеленски.

    Другите две барања во таа категорија се „процесот на разоружување“ и „деназификација“ на Украина.

    Би-би-си пишува дека ова е особено навредливо за Зеленски, бидејќи тој е Евреин, но Турците веруваат дека украинскиот претседател би се согласил да го стори тоа само за да го прекине конфликтот. Како да се направи тоа е тешко да се каже, но се шпекулира дека ќе биде доволно само Зеленски да вети дека ќе ги осуди сите форми на неонацизам.

    Што се однесува до другиот дел од условите, портпаролот Калин беше многу позатворен. Тој само рече дека има реални тешкотии и дека Путин рекол дека за тоа ќе мора директно да разговара со Зеленски. Добрата вест е што Зеленски претходно изјави дека е подготвен за разговори и преговори со рускиот претседател.

    „Секако, станува збор за статусот на Донбас, Крим и другите делови кои се отцепија од Украина“, изјави Калин, кој не сакаше да навлегува во детали, но се претпоставува дека Русија ќе бара Украина да се откаже од тие територии.

    И ставот на Зеленски за тоа е познат… Тој го смета за велепредавство.

    Исто така, претпоставката е дека Русите ќе бараат од Украина целосно да се откаже од Крим и да го признае како дел од Русија. Значи, уште едно горко апче кое Зеленски треба да го проголта.

    На крајот од сторијата Би-Би-Си наведува дека барањата на Путин веќе не се радикални како порано и дека е можно да се зборува за сето ова. Ако по некое чудо Украинците се согласат на сето ова, „рускиот цар“ нема да има премногу проблеми во својата земја за да го претстави како своја голема победа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img