More

    Путин ги обвини западните банки дека не извршиле плаќања за рускиот гас, само две недели откако Русија побараа таквите плаќања да се вршат во рубљи

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини западните банки дека не извршиле плаќања за рускиот гас, само две недели откако Русија побараа таквите плаќања да се вршат во рубљи.

    – Постојат неисполнети обврски при извозните испораки на руските енергетски ресурси – рече Путин за време на состанокот за развојот на рускиот енергетски сектор, чии делови беа емитувани на државната телевизија, пренесува ДПА.

    – Банките од овие крајно непријателски држави го одолговлекуваат трансферот на плаќањата – оцени Путин.

    На крајот на март, Путин побара земјите од ЕУ за испорака на руски гас во иднина да плаќаат во рубљи, потег што го презеде Москва заради ублажување на ефектите од западните санкции врз нејзината економија.

    Западните влади воведоа строги санкции за Русија, откако таа земја изврши инвазија на Украина на 24 февруари.

    Купувачите на руски гас можат да отворат сметка во Газпромбанк и таму да депонираат пари во долари и евра како и претходно. Банката ги претвора парите во рубљи и ги префрла на Газпром.

    Последиците може да бидат многу болни

    Додека западните лидери бараат дополнителни начини за запирање на руското бомбардирање на Украина, Путин предупреди да не се воведува какво било ембарго на рускиот гас и нафта, чекор на кој инсистира Киев.

    – Последиците од таквиот чекор можат да бидат многу болни – особено за иницијаторите на таквата политика – рече Путин.

    Тој, исто така, повтори дека Русија сака во иднина да продава повеќе од своите суровини на други региони во светот.

    Плаќањето за гас во рубљи ги прекршува санкциите на ЕУ

    Од друга страна пак, со плаќањето на рускиот гас во рубљи, некои земји-членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерната нота на Европската комисија што ја пренесува Хина.

    Во документот, кој е технички и прелиминарен и се заснова на неофицијален превод на рускиот претседателски декрет од 31 март, се вели дека законот додава неколку нови слоеви на обврски на купувачите на гас од ЕУ и практично го одзема финализирањето на купувањето од нивните раце.

    „Овој механизам ќе доведе до прекршување на постоечките европски рестриктивни мерки воведени против Русија, нејзината влада, централната банка и соработниците, како и на општата забрана за заобиколување на европските рестриктивни мерки“, се вели во нотата.

    Две банкарски сметки, еден гасовод

    Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март издаде декрет со кој се бара од европските функционери да отворат најмалку две посебни сметки во Газпромбанк – едната за евра и долари, а другата за рубљи. Сите плаќања за гас мора да одат преку таа банка.

    Според шемата, ЕУ ќе продолжи да плаќа на Газпромбанк во договорената валута, евра или долари, но работата ќе биде завршена само кога руската банка ќе ја претвори валутата во рубљи во договор со централната банка и ќе ги уплати на другата сметка, се вели во документот на ЕК.

    „Резултатот е дека исплатата при уплатата на конечната сметка се довршува во валута што не е наведена во договорот“, се вели во белешката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img