More

    Путин ги коментираше преговорите, Лукашенко жестоко ја обвини Украина

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко во петокот се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Путин во таа прилика се осврна и на преговорите со украинската страна.

    -„Има некои позитивни случувања, тоа ме информираа преговарачите од наша страна“, рече Путин.

    Лукашенко сериозно ја обвини Украина, велејќи дека планираат напад врз Белорусија.

    „Ако не беше извршен превентивен напад, тие (Украина) ќе ги нападнеа нашите војници, белоруски и руски, кои ги изведуваа вежбите“, рече Лукашенко на средбата со рускиот претседател, пренесува Интерфакс.

    Да потсетиме, досега се одржани три рунди преговори меѓу Русија и Украина, но се уште нема конкретни резултати. Покрај тоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба се сретнаа во четвртокот во Турција, но не е постигнат напредок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img