More

    Пулицерова награда за „Вашингтон пост“ и Ројтерс

    spot_img

    „Вашингтон пост“ доби Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол, додека Ројтерс победи во категоријата фото-репортажа за известување за пандемијата на коронавирус во Индија.

    Украински новинари добија специјално признание за покривање на руската инвазија, соопшти менаџерката на Пулицеровата награда Марџори Милер.

    Според неа, овогодишната награда за известување од јавен интерес е доделена на „Вашингтон пост“ за убедливо раскажан и сликовито прикажан приказ на нападот врз Вашингтон на 6 јануари 2021 година, кој на јавноста и овозможи „целосно и непоколебливо да го сфати еден од најмрачните денови во државата.“

    Во однос на фотографија, тим фотографи на Ројтерс ја доби Пулицеровата награда за придружна фотографија за покривање на пандемијата на коронавирусот во Индија.

    „Мајами Хералд“ освои награда за ударна вест за известувањето за уривањето на висококатница во Њујорк при што загинаа 98 лица.

    „Њујорк тајмс“ освои три Пулицерови награди за известување, додека неговата репортерка Андреа Елиот освои Пулицерова награда во општа нефикција категорија за нејзината книга „Невидливо дете: сиромаштија, преживување и надеж во американскиот град“, која ја почна со серија написи во 2013 објавени од весникот.

    Пулицеровите награди ги доделува Универзитетот Колумбија од Њујорк, а секој добитник добива диплома и награда од 10.000 американски долари.

    Наградата ја востанови Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по неговата смрт во 1911 година, сиот свој имот го остави на Универзитетот Колумбија.

    Првата Пулицерова награда е доделена на 4 јуни 1917 година и оттогаш традиционално се доделува секој април.

    Победниците ги избира независна комисија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img