More

    Пукна пешачкиот мост кај Овчар Бања

    spot_img

    Во Овчар Бања, крај Чачак, денеска дојде до пукање и уривање на висечки пешачки мост на реката Западна Морава, каде две жени загинаа, а 11 лица се хоспитализирани во општа болница Чачак, јави дописиникот на МИА од Белград.

    Инцидентот се случил кога возачите на два автобуси со босански регистерски таблички застанале за одмор во Овчар Бања, а патниците, туристи излегле да се прошетаат по висечкиот мост на реката Западна Морава во близина на ресторанот „Дом” кога тој пукнал.

    – Под оптеретувањето се скина сајлата и сите патници паднаа во вода. Пожарникарите, спасувачите и екипите на итната помош се на терен, луѓето се извлекуваат од водата. Повредените се транспортираат во Општата болница во Чачак. Повеќе од 50 луѓе паднаа во водата, се прават максимални напори сите луѓе што поскоро да се извлечат, соопштија српските медиуми.

    Спасувачките екипи со чамци сѐ уште ја пребаруваат реката. На терен се и полицијата, брзата помош и пожарникарите.

    Станува збор за патниците од автобусот од Зворник кој застанал во Овчарско-кабларската клисура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img