More

    ПСЖ го нуди 30-годишниот Бразилец

    spot_img

    На Барселона ѝе понудено да го ангажира напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар за 50 милиони евра, објави „ТВ Ел Чирингуито“.

    Според фудбалскиот ТВ канал, каталонскиот клуб добил повици од посредници од ПСЖ. Се истакнува дека на Барселона ѝ било ветено дека нема да има проблеми во преговорите со парискиот клуб.

    Во исто време и самиот 30-годишен Бразилец со задоволство би се вратил во Барса. Ова е единствениот клуб каде напаѓачот е подготвен да замине.

    Сепак, сега Каталонците не ја разгледуваат опцијата за потпис на Нејмар, бидејќи се фокусирани на трансферот на напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.

    Нејмар минатата сезона за Париз во сите натпреварувања постигна 13 гола и имаше осум асистенции на 28 натпревари. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img