More

    Професорот Талевски вели потрошувачите од првите три блок-тарифи може да заштедат

    spot_img

    Универзитетскиот професор Рубин Талевски во емисијата 24 Отворено рече дека сите оние што се греат на инвертори ќе влезат во третиот блок за високата тарифа, а ранливите категории да ги поднесат полесно трошоците.

    – Оние што не користат такви уреди за греење, да се стимулираат порационално да ја користат струјата, односно во ноќното време. Цената во првиот, вториот и третиот блок малку се менува. Тие релативни цени и коефициенти ќе се менуваат почесто, зошто зависат од профилот на потрошувачката во минатото за да се оствари приход на универзалниот снабдувач. Не треба граѓаните да се плашат, оние кои трошат во првите три блока нема да имаат поголемо покачување и ќе имаат пониска сметка. – рече Талевски.

    Универзитетската професорка Даниела Мамучевска истакна дека воведувањето на блок тарифите е позитивна работа и не е непознато искуство и тоа го има воведено и Србија.

    – Мотивот да се стимулираат домаќинствата да штедат, е оправдан, но колку реално ќе бидат поттикнати да штедат зависи од тоа како се структуирани блоковите. Не сите домаќинства се во можност да направат промена на електричните апарати. Критичен беше зимскиот период кога кога потрошувачката со високата тарифа растеше. До која граница домаќинствата може да штедат и да ја прераспределуваат потрошувачката во ноќните часови, а да не го нарушат комодитетот на живеењето. – рече Мамучевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img