More

    Професорот Дескоски реагира на смисленото криење на Универзитетскиот гласник

    spot_img

    Во статус на Фејсбук професорот Тони Дескоски остро реагира на фактот што службеното гласило на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ престанало да излегува во печатена форма и дека Електронската база на податоци е достапна само за привилегирана група – ректорот, проректорите, деканите, шефот на универзитетската администрација, секретарите на факултетите и уште по некој.

    Во статусот, Дескоски пишува:

    „Во Универзитетскиот гласник се објавуваат општите акти кои се носат на универзитетот и факултетите и други поединечни акти. Ние, обичните професори, сме принудени да мољакаме кај шефовите на факултетската администрација (секретарите на факултетите) за да ни достават некој општ акт или одлука која е објавена во Гласникот.

    Неколку години водев битка на Правниот факултет за да покренеме иницијатива за отворање на Универзитетскиот гласник за професорите, но и за целата јавност. Сепак, ние сме државен универзитет. Не успеав, бидејќи секој од деканите секогаш изразуваше изненадување од сознанието дека ние, обичните професори, немаме пристап до базата до која деканот има пристап со лозинка и потоа не мрдаа со прст.

    Ја префрлив иницијативата во Универзитетскиот сенат во ноември минатата година, и по неколку месечно игнорирање, на вчерашната седница на Сенатот, добив усно објаснување од ректорот дека јавноста била запазена со тоа што ние, обичните професори, сме можеле да се запознаеме со актите преку секретарите на факултетите.

    Значи, на УКИМ смислено и намерно се крие службеното гласило од слободен пристап за професорите и од јавноста, за да не може да се добие увид во информации кои се сосема јавни, како што се објавените општи акти. Небаре се некакви тајни документи.

    Авторитарноста се базира на ограничувањето на достапот до информации. Таа му дава моќ на оној што управува (Ректорот), но го разјадува ткивото на Универзитетот. Ако за една ваква работа се применува смислена стратегија за затскривање, тоа е индиција дека има многу друго што е скриено.

    Затоа не треба да се чудиме што УКИМ паѓа постојано на сите рејтинзи. Што е подолу и од провинциските универзитети во соседна Србија (за Хрватска и Словенија да не зборуваме). Универзитет во кој професорите се потиснати со авторитарен систем на владеење во кој се прикриваат основните информации, не може да напредува. И имаме емпириски доказ за тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img