More

    Профескорка ги обвинува дека студенти снимиле нејзина комуникација и ја објавиле на Youtube

    spot_img

    Двајца студенти кои пред неколку дена заедно со нивните колеги протестираа против однесувањето на професорката на Државниот универзитет во Тетово, Бесијана Мехмеди, се повикани во полиција поради објавена аудиоснимка, објави телевизија Алсат.

    Студентите Арди Лена и Блерон Велиу велат дека не сториле кривично дело. Велиу вели дека бил во полиција, додека Лена за Алсат изјави дека е во Струга и очекува поканата да му стигне до тамошниот сектор за МВР.

    – Професорката ме обвини дека на 21.03.2022 година сум снимал без нејзина дозвола и снимката сум ја објавил на Youtube. Јас во својата изјава ги отфрлив овие обвинувања затоа што јас не сум ја објавил. Не знам кој го сторил тоа – изјави Блерон Велиу.

    Другиот студент не знае за што е повикан во полицијата бидејќи е во Струга.

    На распитот на студентите денеска реагираше и Алијанса за Албанците.

    Од партијата тврдат дека власта треба да престане со методите на УДБА, а полицијата е „окупирана од ДУИ“.

    „Денес кога ДУИ и целиот државен апарат беа ставени во служба и заштита на професорката-насилничка, чувствуваме обврска директно да се ставиме во заштита на студентите. Секогаш ќе бидеме покрај студентите“, соопштија од Алијанса за Албанците.

    Од партијата велат дека обвиненијата за студентите дека незаконски снимале и објавиле снимка не се основани.

    – Снимањето е направено во јавна институција, а не во приватна куќа, а јавниот интерес е поважен од личниот – велат од Алијанса за Албанците.

    Студентите минатата недела протестираа со бојкот на предавањата, барајќи одговорност за однесувањето на професорката Бесијана Мехмеди, која според нив, ги навредувала, им се заканувала и ги малтретирала. Таа пак, ги негираше сите вакви обвинувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img