More

    Противпожарни возила и опрема беа предадени вчера на 14 општини во земјава на паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје

    spot_img

    Противпожарни возила и опрема беа предадени вчера на 14 општини во земјава на паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје, каде граѓаните можеа одблиску да се запознаат со опремата за заштита и спасување на Дирекцијата за заштита и спасување и опремата на другите учесници на настанот под слоган „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните”. Протипожарните возила се набавени преку ДЗС за 42,5 милиони денари, информираше премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на настанот

    – Денеска им предаваме нови противпожарни возила на 14 општини во Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар. На овој начин овозможуваме сериозно подобрување и комплетирање на техничката опрема – рече Ковачевски.

    Тој истакна дека вонредните ситуации, непогоди и несреќи не научија дека треба да создадеме заеднички и комплексен систем на сите институции со цел донесување на брзи и ефикасни решенија. Од тие причини, посочи тој, денешниот настан е особено важен.

    Директорот на ДСЗ Беким Максути истакна дека нивна цела е со овој настан да се привлече вниманието кон улогата и значењето на системот за заштита и спасување и да се подигне свеста за важноста од подготвеноста за справување со различни природни непогоди и други несреќи.

    Максути рече дека се неопходни реформи на постоечките и создавање на нови структури на системот за заштита и спасување.

    На настанот беа прикажани повеќе показни вежби, како и опрема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img