More

    Протест против казната за возачот Ѓорѓиев

    spot_img

    Членови на семејството на Викторија Николова, девојката која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол, денеска организираа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години.

    Дел од овој протест беа и пријатели на загинатата Викторија, кои носеа транспаренти со пораки преку кои го изразија своето незадоволство од пресудата.

    Сестрата на загинатата Викторија, Лилјана Николова, на денешниот протест читајќи ја пораката упатена до судските власти, рече дека бараат правда за, како што рече, неправедната пресуда за целата неправда која им била нанесена и сѐ уште им се нанесува.

    – Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправда која нѐ боли до коска и оваа пресуда од судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе, како да нѐ нема. Како да се кријат во нивните удобни фотелји, а трњата ние ги газиме, ние патиме, ние губиме и човек и правдина и надеж. Бараме правдина за нашата сестра, ќерка, девојка, другарка. Бараме нова пресуда со реални очекувања, зѐшто нема да запреме овде. Доста беше оваа тортура и ова лудило. Слушнете го нашиот глас зѐшто за вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет – рече Лилјана Николова.

    Правниот застапник на семејството Николови, адвокатот Владимир Михајловиќ, изјави дека на улица се излезени за да се слушне гласот на народот, затоа што нема владеење на правото и затоа што „на местото на Викторија утре може да биде секој од нас“.

    – Во законски рамки така поставен обвинителен акт каде што делото се карактеризира со умисла, каде што казната е од четири до 20 години, каде што нема ниту еден процент придонес на пешаците по она што е вештачење, по она што е видео-снимки, по она што е прибрано како докази, ние имаме казна под законскиот минимум. Затоа сметаме дека тоа е апсолутна неправда, затоа сметаме дека Апелација треба да ги слушне и гласот на народот и се разбира, да го слушне и види она што се докази во постапката – рече адвокатот Михајловиќ.

    Воедно, тој додаде дека од Апелацискиот суд очекуваат повисока казна во рамки на Законот и дека никој не бара нешто повеќе.

    – Ние бараме правдина. Реална казна и она што следува по Закон без претходно да има лицитација. Нашиот почеток на цела постапка беше во мирен процес, останува во мирен процес затоа што мора да веруваме во правда. Еве ја немаме во првиот дел на постапката, затоа апелираме Апелација реално да ги погледне сите факти, да ги погледне сите околности, да ја види страната на оштетените, а не да стане обвинетиот одеднаш жртва и да пресуди така што истата пресуда ќе биде превенција за следни такви немили настани по улиците на Македонија – изјави Михајловиќ.

    Пресудата за трагичната сообраќајна несреќа кај „Сити мол, беше објавена во понеделникот. Во меѓувреме Јавното обвинителство соопшти дека првостепената пресуда е обжалена.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img