More

    Протестот против францускиот предлог продолжува и денеска со блокади на четири места во Македонија

    spot_img

    Протестот против францускиот предлог продолжува и денеска со блокади на четири места во Македонија.

    Од 13 до 14 часот сообраќајот ќе биде блокиран во Скопје пред Владата, на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп.

    „Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.

    Утре, сабота, во знак на почит кон сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Масовно протестирање е најавено за во недела со почеток во 19 часот пред Владата.

    Откако Владата вчера го достави предлогот во Собранието, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при учеството на вчерашниот протестот против францускиот предлог порача дека нема да поддржат какви било уставни измени во контекст на исполнување на бугарските барања.

    – Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека ги немаат – изјави Мицкоски.

    Поради францускиот предлог изминатите шест дена се одржаа протести под мотото „Ултиматум, НЕ, благодарам“ пред Владата и Собранието, а синоќешните поминаа мирно и без инциденти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img