More

    Протестен концерт за култното место на младите

    spot_img

    Ние не се бориме за директорското место, за политички партии и избори, се бориме за Здраво млади, се бориме за Синедејс, се бориме за сите оние фестивали и концерти во МКЦ што се случиле во последниве 50 години“ – порача колективот „Гола планина“, организатор на денешниот протест пред Младинскиот културен центар во Скопје.

    Со концерт на млади музичари, дружба и потпишување петиција, голем број млади луѓе го искажаа својот револт од последните случувања во Младинскиот културен центар во Скопје, како кратењето на буџетот и поставувањето дипломиран детектив за директор, без искуство во културата.

    МКЦ не е партиска цицка“, „Културата е скапа! Некултурата поскапа!“, беа некои од паролите истакнати на протестот.

    Меѓу присутните беше и музичарката Дина Јашари, која имаше свој настап на платото пред МКЦ.

    – Тука сум порасната. Во МКЦ од мала имам свирено во мандолинскиот оркестар и сега се бавам со авторска музика, цело време настапувам, настапив и на 50-годишнината на МКЦ… Ова е многу важно место за мене и сметам дека е голема неправда тоа што се случува и нема место за политика во културата – изјави младата музичарка за РСЕ.

    На протестниот настан настапија десетина млади бендови кои со тоа дадоа поддршка за институцијата која важи за столб на независната култура во главниот град. МКЦ лани прослави половина век од своето постоење. На собирот присутните потпишуваа петиција „За спас на МКЦ“.

    Работите кулминираа неделава, кога дега сеќе разрешениот в.д. директор и долгогодишен вработен во МКЦ Ванчо Богоев, јавно посочи дека од Град Скопје му бил вршен притисок да потпише вработување на Бени Шаќири, па откако одбил да го стори тоа, на неговото место бил поставен дипломираниот детектив, со неколку дена работно искуство во МКЦ.

    Новиот директор е назначен од градоначалничката Данела Арсовска, под чии ингеренции е културната установа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img