More

    Просечната плата во Загреб е 1.152 евра

    spot_img

    Просечната исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во февруари изнесувала 7.452 куни или 994 евра, а на административната територија на градот Загреб 8.640 куни или 1.152 евра, јавија денеска загрепските медиуми.

    Исплатената просечна нето-плата во Загреб е зголемена за четири отсто во однос на февруари 2021 година, покажуваат податоците на Секторот за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на Град Загреб.

    Во однос на просечната месечна плата за февруари на ниво на Хрватска, која изнесува 7.452 куни, просечната исплатена загребска нето плата за истиот месец е повисока за 1.188 куни, јави агенцијата Хина.

    Највисока просечна месечна нето-плата за февруари е остварена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, во износ од 15.243 куни, додека најниско платени се вработените во производството на кожа и сродни производи, во износ од 4.994 куни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img