More

    Проруските сили се обидуваат да го заземат „Азовстал“

    spot_img

    Проруските сепаратистички сили започнаа делумна операција за преземање на челичарницата Азовстал во Мариупол, каде се наоѓаат преостанатите украински сили, изјави денеска портпаролот на проруските сили Едуард Басурин.

    – Групите формирани за напад на објектот почнаа да работат. Добиваме помош од Русија, се работи за авиони и артилерија. Таканаречените бранители на украинскиот народ конечно ќе се предадат – истакна Басурин.

     

    Според руското Министерство за одбрана во опколената фабриката Азовстал има 2.500 украински војници.

    Руската армија пред два дена предупреди дека ќе бидат уништени украинските војници во челичарницата Азовстал, кои ќе одбијат да се предадат.

    Додека руското Министерство за одбрана ги повика украинските војници во Мариупол да се предадат до 12 часот по московско време, ветувајќи оти ќе им бидат поштедени животите. Потоа од 13 часот и 30 минути да се прогласи прекин на огнот, а од 14 до 16 часот сите украински и странски војници да се повлечат од челичарницата Азовстал без оружје и муниција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img