More

    Пронајдени се тела на тројца планинари во Грција

    spot_img

    Пронајдени се телата на тројца планинари кои се водат за исчезнати од саботата, соопшти грчката противпожарна служба. Локалните медиуми објавија дека тројцата најверојатно биле затрупани од лавина.

    Тројцата алпинисти на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП.

    Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето. Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот. Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни.

    Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img