More

    Промени во бојата на носот кај кучињата – кои се причините и дали има причини за загриженост?

    spot_img

    Сопствениците на кучиња често забележуваат и најмали промени во изгледот на нивните миленици. Секоја, дури и најмалата промена може да предизвика разумно сомневање и загриженост за вашето куче. Некои промени се сосема нормални и не се загрижувачки, но некои се причина за посета на ветеринар.

    Ако сте забележале промена во бојата на носот на вашето куче, тоа може да биде причина за загриженост. Промената на бојата може да оди од црна во розова или од розова во црна, а причините за промената можат да бидат различни.

    Вакво нешто обично не е проблем, но има причини зошто можеби ќе треба да посетите ветеринар.

    Возраста на кучето
    Една од најчестите причини за промена на бојата на носот е возраста. Количината на пигмент во носот може да се менува со возраста, од потемна до посветла боја и обратно.

    Повреда
    Физичките повреди на носот, како што се гребнатини и исеченици, може да предизвикаат носот да биде розов во тие области. Кога повредата заздравува, бојата на носот треба да се врати во првобитната боја.

    Временски услови (снежен нос)
    Ако забележите дека има промена на бојата на вашиот нос од потемна во посветла, со доаѓањето на зимата и падот на температурата на воздухот, тогаш ова е нешто познато како снежен нос. Тоа е феномен кој природно им се случува на многу кучиња, поради недостаток на сонце и витамин Д.

    Некои раси на кучиња се поподложни на овој феномен, како што се златни ретривери, лабрадори, хаски и некои раси на овчари.

    Контактен дерматитис
    Ако носот на кучето дојде во контакт со нешто на што е алергично, бојата на носот може да се промени. Алергиските реакции обично се придружени со други симптоми, како што е отечен нос.

    Алергените понекогаш може да бидат чинии за храна за кучиња, бидејќи некои кучиња се алергични на одредени видови пластика.

    Назална депигментација (Dudley нос)
    Понекогаш носот на кучето ја менува бојата без очигледна причина. Ова не е загрижувачки феномен. Носот може делумно или целосно да ја изгуби бојата, до целосно розев, па дури и целосно бел.

    За многу кучиња ова е привремен феномен, но треба да знаете дека за некои бојата никогаш не се враќа. Раси кои се поподложни на такви промени на бојата на носот се ирски сетери, поинтери, пудли, добермани, авганистански кучиња, златни ретривери, самоједи и бели германски овчари.

    Бактериски инфекции
    Кога бактериска инфекција е причина за обезбојување на носот, присутни се и други симптоми. Носот изгледа отечен, течен и генерално нездраво.

    Доколку ги забележите овие симптоми и мислите дека се работи за бактериска инфекција, треба да се јавите кај ветеринарот, за да може да даде соодветен третман за борба против инфекцијата.

    Пемфигус
    Пемфигус е автоимуна болест на кожата. Симптомите на оваа болест се везикули или испакнатини на и околу носот на кучето. Ако го забележите ова, контактирајте со вашиот ветеринар за да ги третирате симптомите на оваа болест.

    Витилиго
    Витилиго ги погодува и луѓето и кучињата. Може да влијае на целото тело, не само на носот кај кучињата.

    Ако носот почне да губи боја поради ова нарушување, депигментацијата брзо ќе се влоши. Сепак, оваа состојба не влијае на здравјето на кучето, туку само на неговиот изглед. Оваа состојба се јавува поради нарушување каде што имунолошкиот систем на кучето почнува да го напаѓа пигментот во клетките.

    Дакелот, доберманот, ротвајлерот, лабрадор ретриверот и германскиот овчар се расите кои се најмногу подложни на витилиго.

    Дискоиден лупус
    Дискоидниот лупус е исто така автоимуна болест, чии симптоми се рефлектираат во плускавци на и околу носот на вашето куче. Симптомите на оваа болест се влошуваат кога кожата е изложена на сончева светлина.

    Рак на кожа
    Ракот на кожата може да предизвика промена на бојата на носот на кучето. Кучињата со светло обоен нос се подложни на изгореници од сонце и рак на кожата.

    Потребно е да се нанесуваат соодветни креми со заштитен фактор на деловите од кожата кои се директно изложени на сонце.

    Ако се прашувате зошто носот на вашето куче ја променил бојата, се надеваме дека ќе го најдете одговорот.

    Промената на бојата на самиот нос не мора да биде ништо опасно и не значи дека веднаш треба да се грижите. Најверојатни причини се промената на времето и возраста на кучето, многу кучиња ја менуваат бојата на носот, токму поради тоа. Промената на бојата на носот придружена со други симптоми може да укажува на посериозни болести и доколку сте загрижени, најдобро е да посетите ветеринар и да побарате стручно мислење, пишува сајтот hepper.com.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img