More

    Промените за Охридската архиепископија се однесуваат на нашите, а не и на бугарските учебници

    spot_img

    Предмет на анализа и разгледување, во случајот на разменување препораки, е учебникот за седмо одделение во Република Македонија, а не во Бугарија. Така што, што и да договорат, каква препорака и да усвојат за методската единица за Охридската архиепископија, таа би се однесувала за нашите учебници, а не за учебниците во Бугарија. Значи, Комисијата во своето соопштение свесно манипулира со ова.

    Ова во интервју за „Република“, меѓу другото, го вели проф. д-р Ванчо Ѓоргиев, кој поради политички притисоци ја напушти работата во македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците.

    Разговорот со него следува по последната средба на Комисијата, која се одржа во Скопје, а на која беше разговарано и за Охридската архиепископија, што предизвика бура од реакции во јавноста.

    – Евидентно е дека на последната средба на мешовитата македонско-бугарска историска комисија тема на разговор беше методската единица Охридска архиепископија во учебниците за седмо одделение во Република Македонија и тоа е факт. Во меѓувреме се појавија разни шпекулации дека се зборува за статусот на МПЦ. Комисијата ниту има мандат, ниту прво, ниту верувам, пак, дека помислила за такво нешто да зборува. Значи, веднаш ќе кажам дека тоа се сепак шпекулции во недостаток на информации. Но, таквите шпекулации се и последица на недовербата на граѓаните на Република Македонија кон институциите, кон Владата, и кон самата Комисија. Значи, и ние сите сме доведени, заради тој подреден однос кој нашата Влада го тера во разговорите со Бугарија генерално и особено кон она што го прифатија т.н. француски, а всушност тоа е бугарски предлог, и протоколите коишто ни ги тутна, во една таква понижувачка ситуација и луѓето немаат доверба. Но, факт е дека, ќе останам на тоа, се разговара за тоа, за методската единица за историјата на Охридската архиепископија претставена во учебникот за седмо одделение, а според старите програми тоа е за шесто одделение, бидејќи учебниците така се водат и не е извршена соодветна промена. Но, она што се обиде Комисијата да излезе од овој ќорсокак е соопштението, коешто го објавија по разните гласини и толкувања, во кое забележав една недоследност или обид за мала манипулација, а тоа е моментот кога тие велат дека разговараат за тоа како е претставена Охридската архиепископија во методската единица, но таму, во соопштнието, е кажано, изрично стои во двете држави. Тоа апсолутно не е така и најодговорно го демантирам, затоа што предмет на анализа и разгледување, во случајот на разменување препораки, е учебникот во Република Македонија, а не во Бугарија. Така што, што и да договорат, каква препорака и да усвојат, таа би се однесувала за нашите учебници, а не за учебниците во Бугарија. Значи, Комисијата свесно манипулира со ова соопштение – вели проф. Ѓоргиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img