More

    Производителите на канабис бараат итно да се донесе нов закон за дроги

    spot_img

    Не сме наркокартел, како што се зборува, туку модерна индустрија која треба се развива со државна стратегија како што тоа го прават развиените земји. Не се оградени фарми во кои се размислува за криминал, туку фабрики кои обезбедуваат развој. Оваа индустрија е вложување од 500 милиони евра, вработува повеќе од 1.000 лица и овозможува 10 отсто од нејзиниот профит да се прелее во државниот буџет. Ова денеска го рекоа од новооснованата Асоцијација на индустријата за канабис во рамките на Стопанската комора.

    – Тоа се фабрики во кои се вложени 20, 30 милиони евра од домашни и од странски инвеститори. Не се оградени фарми во кои се размислува за криминал, туку фабрики кои работат легално, произведуваат суровини, лекови и козметика од што остваруваат приход и за државата. Но, имаше и такви кои ги прекршија законите. Ние ги осудуваме и очекуваме институциите да преземат соодветни мерки. Треба да знаат оние кои нелегално работат дека прават огромна штета на целиот бизнис – рече претседателот на Асоцијацијата Орце Јордановски.

    Претставниците на асоцијацијата рекоа дека очекуваат собранието да донесе нов закон за дроги со кој ќе се овозможи формирање агенција за контрола на канабисот, но и да донесе нови критериуми за добивање лиценца, бидејќи сега се спречени да работат и да го развиваат бизнисот.

    – Идејата е целокупниот процес да го контролира Агенција која ќе води сметка за легалноста на производството на канабис. Инсистираме кај министерствата да се донесе новиот закон и да се формира Агенцијата, инаку ќе трпиме санкции од Европа бидејќи тоа е обврска од сите земји. Да се добие лиценца за екстракција услов е да се вработи фармацевтски техничар, но кај нас таков кадар нема, а оние кои веќе се вработени се пред пензионирање. Затоа бараме во критериумот да влезат и други струки, како технолози како што тоа е во Европа. Сегашниот закон не ги дефинира доволно транспортот и продажбата на сувиот цвет од канабис. И затоа треба да се дефинира и овој проблем – рече Јордановски.

    Тој додаде дека моментално контролата ја вршат две министерства и МАЛМЕД.

    – Сега ние доставуваме извештаи до министерствата за здравство и за земјоделство, како и до МАЛМЕД. Секое од нив може да врши контрола. Но, треба да се формира агенцијата за целосна контрола. Планираме да воспоставиме контакти и со МВР за да се има целосна контрола на канабисот – рече Јордановски.

    Тој, како што рече, очекува да се донесе новиот закон, за да можат компаниите да работат.

    – Неколку години шетаме низ правните лавиринти и никако да се донесе нов закон кој ќе ги опфати производителите и пациентите и ќе обезбеди државна контрола врз канабисот. Нема едногласност меѓу политичките чинители. Дури и власта се плаши јавно да ја поддржи индустријата, а опозицијата е против и редовно критикува и создава криминална перцепција за индустријата. Така беше и претходно. Секогаш власта внимава што прави, а опозицијата критикува. Тие треба да се усогласат за да се поддржат овие големи вложувања. Се надеваме дека ќе ги убедиме за да се овозможи бројот на вработени да се зголеми на 1200 и повеќе, а индустријата да расте – рече Јордановски.

    Членките на Асоцијацијата на индустријата за канабис, очекуваат поголем број од компаниите да добијат лиценци за извоз со што би се намалила можноста за незаконско дејствување и би се зголемил приходот на државата.

    – Неколку од компаниите имаат дозволи за извоз, а повеќето го складираат цветот од канабис во магацините и му минува рокот за употреба. Ако се дозволи извоз би се реализирале огромни парични средства, а 10 отсто од тоа би завршиле во буџетот на државата за финансирање проекти – рече координаторот на асоцијацијата Игор Ангелески.

    Тој информира дека асоцијацијата во иднина ќе организира повеќе едукативни семинари, како за компаниите така и за граѓаните, со цел да се надмине перцепцијата дека во оваа индустрија се прави криминал.

    Во земјава се издадени 67 лиценци за одгледување медицински канабис, но се активни само 35 компании. 6 компании се затворени поради нелегално работење, а 10 компании се во процедура да добијат лиценци.

    Во индустријата се вложени 500 милиони евра, а инвеститори има од САД, Канада, Израел, соседна Албанија …, но и домашни инвеститори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img