More

    Продолжуваат нападите во Харков, Украина се надева на брза евакуација

    spot_img

    Војната во Украина значително ќе влијае на економското закрепнување и ќе го преполови очекуваниот раст на бруто домашниот производ (БДП- на Германија, оцени денеска Институтот за светска економија во Кил. Годинешниот раст на БДП на Германија, првата европска економија, сега се очекува да биде 2,1 отсто.

    Се очекува последиците од конфликтот да го ампутираат БДП за околу 90 милијарди евра оваа и следната година“ и „да го одложат враќањето на германската економија на нивото од пред пандемијата на коронавирус до втората половина на годината“, велат економистите, кои досега прогнозираа раст од четири отсто за 2022 година.

    Во меѓувреме, војната не стивнува. Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала бомбардирањето, дека моментално се работи на извлекување на луѓето, како и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот.

    – Зградата е уништена. Повеќе од илјада жени и деца се наоѓаат во засолништето во подрумот на мариуполскиот театар – ја пренесува Би-Би-Си изјавата на пратеникот, Дмитро Гурин.

    – Сѐ уште не знаеме дали има ранети или убиени, но изгледа дека повеќето преживеале и дека се добро – додава тој.

    Претходно официјални украински претставници ја обвинија Русија за намерно уништување на театарот во Мариупол во кој, според нивни тврдења, во време на нападот имало околу 1.200 луѓе.

    Меѓутоа, руската страна синоќа ги демантираше обвинувањата на Киев дека Русија го извршила нападот врз театарот, тврдејќи дека тоа е нова провокација на милитантите од националистичкиот баталјон „Азов“, активирајќи екплозив што претходно го поставиле во зградата на театарот.

    Пилотот кој го бомбардираше театарот е чудовиште
    Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека пилотот кој го бомбардираше театарот што се користеше како засолниште за цивили во Мариупол е „чудовиште“.

    Обраќајќи се пред Европскиот парламент преку видео врска, Резников рече дека пилотот ја фрлил бомбата и покрај тоа што со големи букви било испишано „деца“ од двете страни на зградата. Не е познато колку луѓе го преживеале нападот.

    – Веројатно веќе сте слушнале дека театарот беше погоден со ракети, театар во кој се засолниле 1.200 жени и деца. А, на мапите, од дроновите, може да се види дека околу театарот со големи букви пишува ‘деца’, а сепак, и покрај тоа, чудовиштето фрли бомба врз театарот – рече Резников.
    Во немилосрдното руско гранатирање во текот на ноќта погодени се куќи во североисточниот украински регион Харков, соопшти Владата во Киев.

    Нападот на Харков бил концентриран околу Изум и Чухуив, соопшти денеска украинската армија, додавајќи дека засега не е познат бројот на жртви.

    Руските „окупатори“ уништија и училиште и културен центар во градот Мерефа, но засега нема информации за евентуални жртви, се наведува во соопштението, објави Си Ен Ен.

    Украинската армија, исто така, известува и за силни експлозии во јужниот регион Керсон, кој е под руска контрола уште од самиот почеток на инвазијата.

    Армијата предупреди дека снабдувањето со електрична енергија, вода и гас е многу тешко и со зголемени прекини низ поголемиот дел од земјата, а недостигот на храна и лекови претставува огромна загриженост.

    Eвакуација преку девет коридори, вклучително и преку Мариупол
    Украина се надева дека денеска ќе евакуира цивили преку девет хуманитарни коридори од градовите, вклучително и од Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук, додека во Чернигов се зголемува бројот на жртви, а погодено е и училиштето во Мерефа.

    Евакуацијата би се случила еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили намерно нападнале театар во Мариупол каде што се засолниле стотици цивили.

    Заменик градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов изјави за Би-Би-Си дека меѓу 1.000 и 1.200 цивили се засолниле во театарот.

    Руските сили со недели го опсадуваат Мариупол и се проценува дека во градот се блокирани околу 300.000 негови жители, кои со денови се без вода за пиење, струја и гас. Резервите на храна и лекови се при крај, а Русија не дозволи влез на хуманитарен конвој за помош на опколеното население.

    Градот е под постојан напад на руските вооружени сили од почетокот на војната на 24 февруари, а цели населби се срамнети со земја.Минатата недела пет лица загинаа во напад врз детска болница и породилиште.

    Орлов истакна дека Русија вчера нападнала конвој цивили кои го напуштале Мариупол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img