More

    Програмскиот совет на МКЦ одговори на обвинувањата на градоначалничката

    spot_img

    Секое објавување информации додека ревизијата е во тек е незаконско и паушално. Од каде ѝ е на градоначалничката Данела Арсовска информација дека од главната благајна на МКЦ биле подигнати нешто над 100.000 евра во готовина, кои, како што посочи Арсовска биле извлекувани од сметката на институцијата без соодветна документација – праша на денешната прес конференција Програмскиот колегиум на МКЦ.

    На вчерашната прес конференција градоначалничката на Скопје изнесе низа обвиненија против доскорешниот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев и обвини за злоупотреби и неправилности во институцијата кои, како што рече, се сознанија од ревизијата која деновиве се спроведува во Младинскиот културен центар. Денеска со одговори на обвинувањата на Арсовска излезе Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар.

    – Дали ова е информација од тековната ревизија во МКЦ? Пред да одговориме на ова сакаме да укажеме на грубо кршење на законите и правилата на ревизорски надзор и извештај. Имено, ревизијата е нормална постапка и пракса за секоја институција. И ние истата максимално ја поддржуваме, а од нивните забелешки учиме и се корегираме. Но, досега правилата беа јасни: ревизијата по своето работење издава записник, на кој институцијата преку нејзините надлежните органи имаат законски рок да се произнесат и евентуално да појаснат и да дополнат пред таа да стане официјална. Ревизијата во МКЦ сѐ уште е во тек, и овие информации пласирани во јавноста се во најмала рака незаконски и во моментов паушални – посочија од Програмскиот колегиум на МКЦ.

    Како што појаснија, во благајна за 2022 година се водат 6.232.388 денари, од кои 5.914.888 се уплати од дневен промет од работата на угостителската дејност на МКЦ (бифе/шанкови) кои преку благајна потоа се уплаќаат на сметката на ЈУ МКЦ, а само 317.500 денари се директни готовински материјални трошоци, кои преку цела 2022 година се користени готовински и се однесуваат за ситни набавки, поправки, патарини, сервисирања и сл, поткрепени со соодветна документација и сметки.

    Во однос на забелешката на Арсовска дека од 40 вработени, 12 се поставени како директори, односно како раководители на раководни фунцкии и не раководат со никого, а земаат директорски односно раководни плати, од Програмскиот колегиум упатуваат до правните служби и правните советници во Град Скопје.

    – Тука би се обратиле до правните служби и правни советници во Град Скопје, да појаснат на своите претпоставени кои беа процедурите за трансформација постоечките работни места преку МИОА на работни места според Законот за јавна администрација и Законот за јавни службеници. Тоа беше процес, кој конкретно во нашата институција, поради природата и спецификата на работење и дејности кои ги опфаќа, траеше скоро четири години. Истите не би можело да се спроведат без одобрение по закон на надлежните институции и министерства за тоа. Секое вонзаконско толкување го разбираме само како лично дискредитирање на секој уредник посебно – наведуваат од Колегиумот.

    Во однос на тврдењето на Арсовска дека не е точно дека на МКЦ му се скратени 90% од буџетот и дека лани од основниот буџет на Град Скопје му биле доделени 10.7 милиони денари, а оваа 8.7 милиони денари, од МКЦ тврдат дека на располагање имаат еден документ, а тоа е дневниот ред од последната седница на Советот на Град Скопје, каде е наведено дека за 2023 година за програмата на МКЦ е предвидено да се доделат 4.500.000 денари, од кои 2.500.000 денари за работата на градското кино, а останатите за сите други активности. Потоа, на седницата е донесен буџетот за култура за 2023 година и средствата за МКЦ се дополнети со уште 2 000 000 денари, кои пак, како што велат им предизвикале дополнителна тежина и грижа на совест затоа што се скратени од средствата на одделниот конкурс за независни корисници – кој и онака е можеби најнискиот буџет за таа намена.

    Арсовска вчера посочи и дека МКЦ мора и може да работи самоодржливо со капацитетите со кои располага, дури и без дотации/субвенции од градот, затоа што остварува сопствени приходи од над 33 милиони денари. Од Програмскиот колегиум велат дека МКЦ се труди да оствари и сопствени приходи, и да изнајде други начини на финансирање, но истакнуваат дека сите овие дополнителни средства повторно се реинвестираат во други настани и проекти, а исто така со нив се плаќа и за струја и парно, се кречи, се плаќаат дополнителни работници, се поправаат компјутери, се купува опрема, односно сето она што Град Скопје не им го обезбедува.

    За обвинувањата дека се склучени 250 договори за ангажирање луѓе од кои 90 со шанкери, од Програмскиот колегиум информираа дека МКЦ моментално има 50 вработени, иако за нормално функционирање потребни се над 70. Посочија дека Центарот постојано бара од Град Скопје нови вработувања, па макар тоа било времено и преку Агенција за привремени вработувања, но таква согласност не добиле.

    Што се однесува до бомбастичните наслови дека „шанкер зема 750 евра плата во МКЦ”, би сакале да појасниме дека во недостиг на редовен вработен персонал, за да оствариме сопствени приходи ќе се потпираме на сѐ уште расположливи надворешни млади луѓе, кои се останати во градот и сакаат да работат. Најчесто тоа се студенти, кои чесно работат за дневница, често и двојни смени, која на крај на месецот врз основа на сработеното им се исплаќа хонорар со платен данок, посочија од МКЦ.

    На крајот тие порачаа надлежните да се однесуваат одговорно и побараа да се објави регуларен конкурс за директор на институцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img