More

    Прогноза: Светската економија значително ќе забави поради војната во Украина

    spot_img

    Светската економија значително ќе забави оваа година поради војната во Украина и постепеното исчезнување на пандемиските стимули низ светот, се наведува во Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

    Светската економија годинава ќе порасне за 2,6 отсто, проценува УНКТАД, намалувајќи ја сегашната прогноза за еден процентен поен.

    Руската економија нагло ќе падне, за 7,6 отсто, пресметаа тие, драстично менувајќи ја прогнозата дека годинава очекувале раст на активноста од 2,3 отсто.

    Во некои делови од Западна Европа и Азија, активноста значително ќе забави, предвидуваат тие, проценувајќи дека економиите на ЕУ и еврозоната ќе пораснат за 1,6 односно 1,7 отсто, околу половина послаб од претходно прогнозираните.

    Се очекува германската економија да порасне за 1,4 отсто, што ќе ја намали сегашната прогноза на УНКТАД за 1,8 процентни поени, а Британија би требало да забележи речиси иста стапка на раст.

    Се предвидува дека американската економија ќе порасне за 2,4 отсто, намалувајќи ја нејзината сегашна проценка за 0,6 процентни поени. Во Кина, се проценува дека активноста ќе порасне за 4,8 отсто, што е за 0,9 процентни поени пониско отколку што се очекуваше.

    Предвремено прекинување на стимулации
    Трендот на затегнување на монетарната политика во развиените земји најверојатно ќе се забрза поради војната, а неколку земји во развој започнаа во слична насока во втората половина од минатата година, поради инфлаторните притисоци, посочува УНКТАД, предвидувајќи намалување на владините трошење.

    „Многу земји во развој се бореа со пандемска рецесија и сега се соочуваат со тешка криза поради војната“, рече генералниот секретар на УНКТАД, Ребека Гринспан, предупредувајќи на негативна спирала на неликвидност, рецесија и стагнација.

    Нападот на Русија врз Украина доведе до вртоглав скок на цените на енергијата и суровините и ги поттикна инвеститорите да почнат да го повлекуваат капиталот од земјите во развој и да го пренасочуваат кон наводно побезбедни инвестиции, се вели во извештајот на УНКТАД.

    Побогатите земји, од друга страна, прерано почнаа да се откажуваат од мерките за олеснување на пандемијата, што резултираше со ослабена побарувачка, поскромен раст и помали инвестиции ширум светот, предупредија тие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img