More

    Пријателски односи со Зеленски, но и со Путин

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека германскиот канцелар Олаф Шолц во Анкара со највисоки државни почести.

    Свечениот прием се одржа на платото пред Претседателската палата во Анкара, а започна со интонирање на химните на двете земји. По свечената парада, Шолц ги поздрави турските стражари со турскиот поздрав „мерхаба аскер“ (поздравување на војниците).

    По средбата со Шолц, Ердоган рече дека Турција без двоумење ќе продолжи да прави напори за воспоставување траен прекин на огнот во Украина.

    – Преземајќи мерки за безбедноста на Европа, се договоривме дека ќе ги забрзаме дипломатските напори за решение – посочи Ердоган и се осврна на деловните односи меѓу Турција и Германија, додавајќи: „Нашиот обем на трговска размена со Германија во 2020 година беше 38 милијарди, а во 2021 година надмина 41 милијарда долари. Решени сме да го зголемиме на 50 милијарди“.

    Пред новинарите, двајцата државници зборуваа за квалитетниот разговор, за кој Ердоган рече дека е воден во „искрена атмосфера“, а Шолц ги нарече „конструктивни и продуктивни“ напорите на Турција за постигнување дипломатско решение.

    Запрашан за неутралноста на неговата земја во конфликтот, Ердоган рече дека сака „да одржува пријателски односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но и со рускиот претседател Владимир Путин“, пишува Индекс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img