More

    Пријави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија, онлајн часови

    spot_img

    Дојавите за засадениот електронски уред стигнале на е-маил адресите на неколку основни и средни училишта во Србија, соопшти Министерството за образование на соседната земја.

    Пристигнаа пријави на електронските адреси на 134 основни училишта на територијата на Управата на Нови Сад, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија“, се вели во соопштението.

    Заради безбедност на учениците, училиштата го информирале МВР за заканата и екипи на МВР се на терен, се додава.

    „До крајот на полагањето наставата ќе се одржува онлајн, а учениците ќе бидат вратени на клупите, по потврда дека е безбедно. Училиштата преку редовни комуникациски канали ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање на директната настава“, соопшти Министерството за образование на Србија.
    Да потсетиме, ова е продолжение на дојавите за бомби низ Србија. Пред два дена бомбата била пријавена во Клиничкиот центар во Војводина по електронска пошта, но немало потреба од евакуација.

    Во последните пет дена стотици лажни пријави за бомби пристигнаа во училишта и други институции во повеќе градови. Министерот за образование на Србија Бранко Ружиќ изјави дека полицијата утврдила дека сите дојави за бомби во училиштата се лажни и дека ќе биде потребна одредена компензација за изгубените часови со евакуацијата на училиштата поради неколкудневните лажни пријави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img