More

    Прифатени барањата на коалицијата „Менуваме“

    spot_img

    Слепите лица ќе добиваат ортопетски помагала на товар на Фондот за здравствено осигурување, а ќе имаат и свој електронски регистар, соопшти министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека на денешната средба со претставници на коалицијата „Менуваме“ ги прифатил нивните барања. Со ова мерка ќе бидат опфатени околу три и пол илјади лица.

    По средбата со министерот Сали, во изјава за медиумите, Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“ истакна дека ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид, како што се белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни, ќе бидат на товар на Фондот за здравствот, а воедно ќе биде создаден и електронски регистар за деца и лица со попреченост кој ќе помогне во делот на користењето на правата на овие лица.

    – Отсега натаму, во соработка со Министерството за здравство и министерот, преку новиот тим ќе направиме програма за првите две години за да можат овие лица да ги користат своите права кои досега не можеа да ги користа – изјави Алиша.

    Тој истана Истакна дека исто така разговарале и да нема поделба на вработени и невработени или на лица кои учат и не учат, туку сите да ги користат ортопетските помагала подеднакво.

    – Ќе иницираме да се создаде регистер за лицата со попречености. Министерството за здравство ќе го создаде тој регистер, а потоа на него ќе се поврзат и Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, каде ќе можат да имаат увид колкав број имаме и кои се потребите на овие лица – појасни тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img