More

    Прислушување или не? Зборуваме за нешто и после гледаме оглас на ФБ и Гугл…

    spot_img

    Колку пати сте се запрашале дали некој ви го „прислушува“ телефонот? Како веднаш откако ќе разговараме за нешто, гледаме оглас на социјалните мрежи токму за тоа за што зборувавме? Дали сме свесни дека сме дозволиле таков тип на прислушување? На кои начини нашите податоци можат да бидат злоупотребени, дали можеме да имаме приватност на Интернет, како да ја заштитиме? На овие прашања одговараат: Харис Хаџиалиќ, експерт за дигитална трансформација и информатичко општество и Роберт Тодороски, советник и консултант за дигитална безбедност од Северна Македонија.

    Како тоа откако ќе разговараме за нешто на нашиот телефон, гледаме вести и реклами со слична содржина на она за што зборувавме?

    „Дигиталниот свет се сеќава. Има нешто што се случува веќе триесет години, од почетокот на Интернетот. Секој човек остава дигитален отпечаток и тоа е нешто што се користи. Посетувате страници, оставате отпечаток. Паметните компании како Facebook и Google ги собираат тие податоци и ги анализираат. Ние сме под влијание на дигиталниот свет во последните десет години. Секој момент на интернет, вештачката интелигенција ги анализира вашите податоци и потоа предвидува што ќе правите и ве бомбардира со тие информации. Сосема е небитно која тема ќе се најде на Гугл. ФБ ви праќа таргетирани реклами и така заработуваат“, вели Хаџиалиќ.

    Со оставање кои податоци ја зголемуваме можноста да бидеме жртви на каков било вид на сајбер напад.

    „Почнав да барам начин да ги заштитам податоците по лошо искуство. Она што би го советувал е сè што го открива вашиот идентитет и што може да се користи против вас да не се остава на Интернет. Одејќи на одмор, ги објавуваме тие слики, а некој ги следи, вклучувајќи и криминалци. Ваквите чувствителни податоци не треба да се објавуваат на Интернет во реално време. Тие слики можете да ги поставите кога ќе се вратите дома од одмор“, вели Тодороски.

    Хаџиалиќ истакнува дека оставањето податоци на мрежи е смртоносна активност. Тоа е самоубиство во дигиталниот свет.

    „Се случи луѓето да одат на одмор, да се сликаат, а во станот веќе влегле крадци. Денеска мора да знаеме дека тоа не треба да го правиме. Ако не сме доволно интересни да не уценуваат за пари, можат да не искористат за напад на нашиот компјутер и на тој начин да вршат криминални активности. Соучесник сте во делото иако не сте виновни, само затоа што не се заштитивте, направивте хаос“.

    На крајот, тие предупредија да посветиме посебно внимание на пораките и мејловите што ги добиваме.

    „Мојот братучед доби порака дека некој ги нашол со исто презиме и сака да ги спои. Луѓето почнуваат да комуницираат, а потоа губат пари, бидејќи напаѓачот бара пари за помош итн., или се претставува како богат роднина кој сака да ви даде наследство и бара број на вашата банкарска сметка. Ни треба сајбер хигиена. Треба да размислиме како да се заштитиме. Вакви работи се случија во Северна Македонија“, рече Тодороски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img