More

    Принцот Хари не сакал да признае дека мајка му е мртва

    spot_img

    Во своите мемоари „Резерва“ (Spare), принцот Хари во неколку наврати ја спомнува својата непрежалена мајка, покојната принцеза Дијана.

    Како што објави „Гардијан“, војводата од Сасекс посетил жена која поседува „моќ“ да комуницира со мртвите. Меѓу другото, Хари тврди дека остварил контакт со покојната мајка.

    По една година врска, тој ја однел својата сегашна сопруга, тогаш девојка, Меган Маркл на гробот на принцезата Дијана, а во книгата напишал дека бил сигурен дека неговата мајка ја лажирала смртта во парискиот тунел и дека побегнала.Принцот Хари имаше 13 години кога неговата мајка загина во сообраќајна несреќа. Во времето кога му рекле дека мајка му починала, тој бил во замокот Балморал на североистокот на Шкотска. Хари призна дека тогаш размислувал дека мајка му ги измамила сите.

    – Нејзиниот живот беше ужасен. Беше малтретирана, уценувана и многупати ја излажаа. Затоа ја лажираше својата смрт и побегна. Совршена диверзија – напишал Хари.

    Долго време по смртта на принцезата Дијана, принцот Хари се убедувал себеси дека е жива и дека некаде се сокрила. Тој се присетил дека нему и на Вилијам им забраниле да гледаат телевизија за да не ги гледаат извештаите и веста за смртта на нивната мајка.

    Принцот Хари во своите мемоари „Резерва“ пишува за конфликтот помеѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл, како бил физички нападнат од неговиот брат Вилијам, дека посетил жена која има „моќ“ да зборува со мртвите и дека со нејзината помош контактирал со својата покојна мајка, но и за скандалозната нацистичка униформа што ја носел на маскенбал по наговор на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img