More

    Принцот Хари и Меган Маркл вчера на јубилејната црковна служба беа пречекани со свирежи, но и со  овации со возбуда поради нивното враќање во Обединетото Кралство

    spot_img

    Принцот Хари и Меган Маркл вчера на јубилејната црковна служба беа пречекани со свирежи, но и со  овации со возбуда поради нивното враќање во Обединетото Кралство. Додека Меган и Хари држејќи се за рака  излегуваа од катедралата, се слушаше гласно исвиркување на сметка на одлуката на парот кој живее во Санта Барбара, Калифорнија, да излезе од кралското семејство во 2020 година.

    За време на богослужбата во црквата по повод јубилејот на кралицата Елизабета Втора, Хари и Маркл  седеа на спротивна страна од брат му и на неговата сопруга. Хари и Меган ја следеа парадата на гардата коњи од кабинетот на генерал-мајорот, заедно со другите внуци на кралицата Елизабета, како што се принцезата Беатрис и принцезата Евгенија.

    Кралицата и членовите на кралското семејство, вклучувајќи ги Чарлс, Вилијам, Кејт и нивните деца, им мавтаа на гледачите од балконот на Бакингемската палата, додека принцот Луи приреди одлично шоу за своите обожаватели.

    И покрај наводниот раскол меѓу браќата, Хари и Меган беа фотографирани како разговараат со другите членови на кралското семејство за време на парадата Trooping the Color во четвртокот. Поранешната актерка е фотографирана и како ги засмева правнуките на кралицата.

    Одбележувањето на јубилејот на кралицата Елизабета започна вчера и ќе трае до недела, а секој ден ќе се организираат различни видови прослави.

    На „Платинеста забава во палатата“ по повод 70. години на тронот на 96-годишна кралица ќе настапат пејачката Дијана Рос, италијанската оперска ѕвезда Андреа Бочели и композиторот на Џејмс Бонд, Ханс Цимер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img