More

    Принцот Луис го украде шоуто на кралицата, ни Кејт Мидлтон не можеше да го смири

    spot_img

    Откако во четвртокот ги „украде“ сите погледи на балконот на палатата, принцот Луис (4) повторно присуствуваше на церемонијата, финалето на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

    Најмалото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беше во центарот на вниманието. Тој седеше во првиот ред со своите родители, постариот брат принцот Џорџ (8) и постарата сестра, принцезата Шарлот (7).

     

    Кејт имаше полни раце работа затоа што малиот принц цело време бараше внимание, па како и речиси секое мало дете и нему му беше тешко да седи мирно и да го гледа шоуто, многу работи околу него беа поинтересни. Така тој покажуваше со прстите наоколу, правеше разни изрази на лицето, па дури и го искубе девојчето што седеше над него за коса.

     

    Кејт цело време се трудеше да му го насочи вниманието, па принцот малку да се смири, а потоа продолжи со малите пакости. Многумина ова би го опишале како симпатично, но како ѝ било на Кејт кога знае дека сите погледи на светот се вперени во нив.

    Малиот Луис и ја покриваше устата, го плазеше јазикот, ја удираше по глава и правеше ред други палавштини..

    На крајот, принцот Луис отиде кај својот дедо, принцот Чарлс, каде изгледаше како да се смирил.

     

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img