More

    Принцезата Шарлот се расплака на погребот на кралицата Елизабета Втора

    spot_img

    Ќерката на принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (40), принцезата Шарлот (7), се расплака на погребот на својата прабаба кралицата Елизабета Втора.

    Шарлот беше обземена од емоциите додека ковчегот на кралицата го преместуваа од кочијата во погребното возило. Мајката Кејт ја тешеше малата малата принцеза.

    Принцезата Шарлот присуствуваше на погребот заедно со својот постар брат Џорџ (9). Најмладиот, принцот Луис (4) не се појави.

    По пристигнувањето, семејството му се придружи на нивниот татко, принцот Вилијам, а децата до олтарот на Вестминстерската опатија одеа зад своите родители.

    Шарлот на погребот носеше црн фустан и дијамантски брош во форма на потковица. Тој брош наводно бил подарок од кралицата бидејќи Шарлот со неа ја делела љубовта кон коњите.

    Тоа беше првпат јавноста да ја види кралската младина по смртта на кралицата на 8 септември. Во текот на кралската прошетка минатата недела, поранешната војвотка од Кембриџ рече дека Џорџ подобро ја сфатил смртта на својата прабаба.

     

    На погребот пристигнаа и родителите на новата принцеза од Велс, Керол и Мајкл Мидлтон. Тие пристигнаа со организиран автобус до Вестминстерската опатија за погребот на кралицата Елизабета, како и повеќето гости.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img