More

    Принцезата Шарлот го „искара“ помладиот брат и стана хит!

    spot_img

    Во текот на поворката која се упати кон центарот на Лондон, а кон Бакингемската палата на првиот ден од четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора, целото внимание го украдоа децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Во еден момент ја насмејаа толпата, но и покажа дека принцезата Шарлот е шефица на семејството.

     

    Во неколку наврати јавноста имаше можност да биде сведок на палавото однесување на сите три деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Разиграните малечки ја покажаа својата слатка страна и за време на прославата Trooping the Color во Лондон, која се слави од денеска до крајот на викендот во чест на 70-годишнината од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора.

    Овој пат главниот збор во кочијата во која се возеше со браќата принцот Џорџ и Луис го имаше седумгодишната принцеза Шарлот, средното дете на Вилијам и Кејт.

    Колку внимателно ги слушала инструкциите на надредените пред да излезе во јавност и колку сериозна станала во изминатите неколку години, Шарлот покажа предупредувајќи го својот помлад брат, принцот Луис, кој беше единствениот што продолжи да мафта со толпата на улиците во Лондон.

     

    Принцезата Шарлот ги презеде работите во свои раце и без размислување го предупреди три години помладиот брат, принцот Луис. Таа со раката јасно стави до знаење дека е време да престане да мафта и да стане сериозен.

    Целиот настан го снимија насобраните Британци на кои националниот празник им е исклучително важен и излегоа на улица да ја поздрават својата најдолговечна владетелка.

    Видеото во кое принцезата Шарлот со рака го предупредува својот помлад брат брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img