More

    Приказната на Серхиј открива што правеле Русите пред да си заминат

    spot_img

    Серхиј Новосад се вратил во малото село Лвивски Отруби каде што пораснал, за да ги најде својот татко и баба. Откако руските сили се повлекле од јужниот град Херсон, 26-годишникот заклучил дека ова е најбезбедно време да почне да го бара своето семејство, пишува Њујорк Тајмс.

    Како што успехот на Русија во Херсон постепено опаѓаше во текот на изминатите неколку месеци, нивните тактики за окупација стануваа сè поагресивни, па Серхиј ги молеше татко му и баба му да го напуштат своето село и да му се придружат во Киев. Неговиот татко, кој исто се вика Серхиј, не сакал ни да слушне за овој план бидејќи бил земјоделец и морал да се грижи за својата нива. Градскиот живот не бил за него.

    Серхиј останал во контакт со својот татко преку внимателни телефонски повици бидејќи претпоставувале дека Русите ќе ги прислушуваат. Телефонот на неговиот татко престанал да работи на 10 ноември, кога Русија била во последната фаза на повлекување, па тој решил да тргне на тридневно патување од Киев до Херсон. Патувањето било тешко бидејќи областа сè уште била воена зона, каде што руското гранатирање неодамна уби десет луѓе.

    Кога стигнал до семејната куќа, првото нешто што го забележал биле чевлите на неговиот татко. Тие биле оставени во тесен ров ископан во дворот на куќа од другата страна на патот. Пред куќата во која живеело неговото семејство нашол украински војници кои почнале да живеат таму. Ги прашал каде е татко му, на што тие само ги кренале рамениците и со рацете покажале кон куќата каде ги видел чевлите на татко му.

    Серхеј потоа забележал нешто што личело на импровизиран гроб со крст , но сепак не бил сигурен. Се плашел дека тоа е место на злосторство, но пред да може да провери сè поблиску, морал да чека десет долги дена – прво пиротехничарите, а потоа полицијата.

    Русите го користелр неговиот семеен дом како еден вид база, а наоколу биле расфрлани руски униформи и чизми, десетици празни сандаци со муниција, испишани биле графити на ѕидовите и имало остатоци од храна. Најголем проблем биле скриените мини, од кои имало илјадници.

    Ростислав Смирнов, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, изјавил дека се отстранети повеќе од 5.000 мини, но тие уште ги има насекаде, дури и во детските играчки.

    – Имаше мина меѓу две фудбалски топки, опиша едно од местата каде што е пронајдена.

    Кога пристигнале пиротехничарите, со помош на кука внимателно го отстраниле дрвениот крст кој можел да биде поставен како стапица. Потоа ги чекал полицајците, кои пристигнале само неколку дена подоцна. Откако почнале да ја вадат почвата од плиткиот гроб, Серхиј Новосад ги препознал стапалата на својот татко.

    Набрзо го забележал стапот на неговата баба. Крвавите тела на неговото семејство, силно помодрени и изрешетани со куршуми, биле покриени само со тенок слој земја и стари ребрести лимови. Било јасно дека неговиот татко Серхиј Новосад и бабата Љубов Новосад починале во агонија.

    Андриј Коваленко, обвинител од регионалното обвинителство во Херсон, изјавил дека нивната смрт ќе биде додадена на списокот со повеќе од 6.000 кривични предмети што се отворени во областа на градот Херсон од почетокот на војната. Повеќето од нив се засноваат на сведочењата на луѓето кои избегале од областа.

    Задачата на обвинителите ќе биде многу тешка, а ниту условите за работа не им ја олеснуваат ситуацијата поради секојдневното руско гранатирање, недостигот на струја и несигурните комуникациски мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img