More

    Признаа вина за „Титаник“: Јанкулоска, Протоѓер, Јанакиески се извинија за навредите од „бомбите“

    spot_img

    Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Мунир Пепиќ и уште четворица признаа вина на денешното рочиште за случајот „Титаник“ на поранешното СЈО за злосторничко здружување и неколку кривични дела поврзани со изборни злоупотреби.

    Судењето за „Титаник“ почнува по третпат поради смена на поротник. Осуммина обвинети се изјаснија како виновни и им се извинија на сите што се почувствувале навредени во бомбите кои ги објавуваше поранешниот премиер Зоран Заев, како лидер на опозицијата пред шест години.

    – Би сакал да изјавам дека по однос на дел од обвинението преземам одговорност од морален аспект како морален чин и доблест и од тој аспект ја прифаќам вината. По однос на другото, не се чувствувам виновен – рече Мартин Протуѓер.

    Кирил Божиновски рече дека не се чувствува виновен и додаде дека ќе го докаже тоа во постапката.

    Миле Јанакиески посочи дека и натаму смета дека предметот не треба да се води поради помилувањето од поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.

    – Признавам вина за дел од кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Во однос на делата чувствувам морална вина и затоа се произнесов за виновен. Тоа е мое лично чувство и се однесува на мене и моите позиции. Ја користам приликата да упатам извинување до сите оние кои на кој било начин биле навредени и повредени слушајќи ги т.н. бомби. Се надевам дека ова ќе биде поттик во иднина кој би предизвикал промени. За останатиот дел од обвинението, не се чувствувам виновен – рече Јанакиевски.

    И поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна исто така призна вина.

    – По однос на обвинението кое е во правна сила повеќе од четири години, сметам и сметав дека постапкава не треба да се води, поради фактот што експретседателот Ѓорѓе Иванов по однос на обвинението донесе одлуки за помилување и ослободување од кривично гонење. Тоа се серија одлуки објавени во Службен весник. Лично сметам дека одговорноста треба да се преземе и во таа смисла, по однос на наводите во ова обвинение се изјаснувам како виновна – рече Јанкулоска.

    Илија Димовски рече дека не се чувствува виновен за делата за кои се гони.

    – Со оглед на фактот дека никогаш не сум извршувал функција претседател, генерален секретар, шеф на изборен штаб, а со оглед дека сум бил хиерархиски подреден или еднаков со други педесет лица, со оглед на фактот дела под полна морална одговорност не сум собирал финансиски средства, а сум обвинет за такво дело, се чувствувам невин – рече тој.

    Во случајот „Титаник“ обвинети се вкупно 21 лице меѓу кои се: поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

    Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

    Фото: MIA

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img