More

    Привремено ограничен извозот на пченица, брашно и сончогледово масло

    spot_img

    Србија повторно привремено го ограничи на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението.

    Српската влада, како што соопшти, одлуката ја донела со цел успешно да одговори на опасноста од нарушувања на пазарот предизвикани од значителниот раст на побарувачката на светскиот и на домашниот пазар.

    „Владата одлучи да воведе квантитативни ограничувања на извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло на месечно ниво и за одреден период“, се вели во соопштението на Владата на Србија.

    Според Министерството за земјоделство, со новата одлука на Владата се дозволува извоз на 150.000 тони пченица, 150.000 тони пченка и 20.000 тони брашно на месечно ниво, додека месечната квота за рафинирано сончогледово масло е 8.000.000 литри. По барање, месечно ќе може да се бара одобрение за извоз на најмногу 20 отсто од одобрените количини по групи на производи.

    „Во случај извозниците да не извезуваат или да ги надминат одобрените количини, следниот месец нема да можат да поднесат барање за извоз. Барањата ќе се поднесуваат од 20 до 25 во тековниот месец за следниот месец, додека за мај ќе се поднесуваат од 22 до 28 април“, соопштија во Министерството за земјоделство.

    Одлуката е донесена по разговорите што претставниците на Здружението на жито на Србија ги имаа со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, претходните денови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img