More

    Приватниците си ги бараат парите, ако нема средби излегуваат на улица

    spot_img

    Приватните превозници кои утрово протестираа пред зградата на ЈСП Скопје, доколку во следниот период не остварат средба и не се договорат за начинот на кој ќе им биде исплатен долгот кој претпријатието го има кон нив, најавија повторна блокада на главниот град веќе од понеделник.

    Тие денеска се обидоа да остварат средба со првиот човек на ЈСП Александар Стојковски ќе пробаат да ја решат голготата со која, како што велат, со месеци се соочуваат, откако на сметката на „Слобода превоз“ стигнале понижувачки 5.000 денари за 105 компании.

    Превозниците повеќе од еден час беа пред главната зграда на ЈСП и чекаа да бидат примени од директорот Стојковски, но нивното барање беше одбиено со образложение дека тој не е присутен ѝ е на друг состанок.

    – Шест месеци сме без пари, долгот од над 1,5 милиони евра не се исплаќа. За да биде ситуацијата поапсурдна, мината недела на сметка ние беа уплатени 5.000 денари. Не разбираме каква е оваа уплата и зошто сме оставени на улица, кога 30 години го одржувавме јавниот превоз во градот. Доколку до петок не оствариме средба со претставници од ЈСП и Град Скопје, од понеделник повторно ќе протестираме со блокирање улици – рече Јовица Зафировски, еден од приватните превозници на денешниот протест пред канцелариите на ЈСП.

    По завршување на протестот превозниците се упатија да достават барања за средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и со премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот.

    Доколку не дојде до средба со директорот, од понеделник тие најавуваа повторни блокади на скопските улици.

    – Беше планирана блокада за во среда, но од МВР ни одговорија да  одложиме заради чествувањата по повод роденденот на Гоце Делчев. Имавме разбирање и тоа е одложено за од понеделник – информираше Исен Халили од „Слобода превоз“.

    На протестот не дојдоа директорите на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ Ленин Јовановски и Милорад Димитриевски кои со месеци им даваа поддршка на превозниците и ги водеа преговорите за исплата на милионскиот долг. Скопје повеќе од два месеци е без приватен превоз, откако Арсовска ги раскина договорите со превозниците „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, а како образложение за тоа беше наведено дека не биле исполнети делови од договорот.

    На крајот на минатата година од Град Скопје беа објавени два јавни повици на кои се бараа околу 50 автобуси и над 100 возачи за пет линии, за кои никој не се пријави, а приватните превозници велат дека не конкурирале на огласот на Градот затоа што тој бил за 5 линии, а не за 16 како што било досега. Велат, тоа значи дека дел од нив повторно ќе бидат без работа, а дополнително не им веруваат на градските власти дека ќе им плаќаат редовно со оглед на тоа дека сега не признаваат дека имаат долг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img