More

    Претставата „Идентитети…“ на Рисимкин вечерва во МНТ

    spot_img

    Вечерва во Македонскиот народен театар во 20 часот ќе биде изведена претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, а во изведба на Скопје танцовиот театар.

    Претставата се изведува пред заминувањето на компанијата за Париз, Франција, каде што ќе има историско гостување на сцената на еден од најпрестижните светски театари, Националниот театар за современ танц „Шајо“. Во претставата вечерва, а и на гостувањата во Париз ќе настапат: Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова Атанасова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак. Музиката за претставата е на Тони Китановски, костимите на Благоја Мицевски, а дизјан на сцена и светло на Матеа Мијановиќ.

    Во Париз претставата се најавува како „изнендувачка претстава, која нѐ води во еден магичен свет, за да зборуваме за актуелностите“. Новинарките Делфин Бафур и Агнес Изрин за магазинот „La terrasse“ напишаа: „Рисима Рисимкин ја доведува во прашање експресивноста на движењето во времето на пандемијата. Надвор од оваа општоприфатена тема, Скопје танцовиот театар нѐ поканува да ги истражуваме имагинарните идентитети, изнесувајќи чудни ликови, запленети од големата интензивеност на танцот. Рисимкин неодамна ни се довери дека во овој опус, ‘се обидува да најде јазик што функционира во ова нефункционално време’. Таа го прифаќа предизвикот да создаде интимен танц во кој танчерите никогаш не се допираат. Водена од софистицирана сценографија и костими, таа ни претставува апокалиптичен свет кој ја истакнува нашата изолација, но ја брани убавината од сите препреки.

    Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ ќе има три изведби на париската современа сцена и тоа на 16, 17 и 18 март 2022 година.

    Фото: Максим Меркел

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img