More

    Претседателот на најголемата светска хуманитарна мрежа ја обвини Европа за „двојни стандарди“ кога е во прашање миграциската политика

    spot_img

    Претседателот на најголемата светска хуманитарна мрежа ја обвини Европа за „двојни стандарди“ кога е во прашање миграциската политика.

    – Брзиот прием на Украинците кои бегаат од руските напади го покренува прашањето за „двојниот стандард“ на Европа за мигрантите, што е спротивно на неприфаќањето на луѓето кои бегаат од насилството во Африка, Блискиот Исток и други земји – оцени Франческо Рока, претседател на Меѓународна федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина.

    На прес-конференција Рока рече дека не мисли дека има „некаква разлика“ меѓу маж кој бега од Донбас во источна Украина и човек кој бега од екстремистичката група Боко Харам во Нигерија.

    – Оние кои бегаат од насилство, оние кои бараат заштита мора да бидат третирани подеднакво – потенцира Рока.
    Тој истакна дека постои „морален императив“ да им се помогне на луѓето кои бегаат од насилство и превирања и дека „политичкиот, социјалниот и хуманитарниот одговор на кризата во Украина покажа што е можно кога хуманоста и достоинството се на прво место, кога постои глобална солидарност“.

    – Се надевавме дека украинската криза ќе биде пресвртница во европската миграциска политика, но, за жал, тоа не се случи – рече Рока.

    Според проценките на ОН, најмалку 3.668 луѓе се убиени, а 3.896 ранети во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Се верува дека реалниот број на жртви е многу поголем.

    Според агенцијата за бегалци при ОН, повеќе од 6,2 милиони луѓе побегнале во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img