More

    Претреси во скопско, приведени двајца разбојници, расчистено кривично дело извршено во светиниколско

    spot_img

    На 18.01.2023 полициски службеници од СВР Штип-ОВР Свети Николе во соработка со Одделението за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал – Скопје во содејство со полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишија од слобода К.С.(20) и Д.Г.(22), двајцата од скопско Инџиково, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ на подрачјето на село Сопот, Општина Свети Николе, предвидено по чл.237 став 4 од Кривичниот законик.

    Имено, во периодот од 05.30 до 07.00 часот на подрачјето на Скопје, врз основа на наредба од ОЈО Скопје и во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Штип, извршен е претрес на дом и други простории кај двете лица, при што се пронајдени и одземени предмети користени при извршеното кривично дело.

    Двете лица се приведени во полициска станица, со нив е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ОВР Свети Николе – СВР Штип до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе соодветни поднесоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img