More

    Преспанскиот договор вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди!

    spot_img

    Договорот од Преспа вредеше и допрва ќе се покаже дека вреди поради тоа што го претвори проблемот во решение, конфликтот во соработка, а непријателството во сојузништво, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот медиум Ајидисис, непосредно пред патувањето во Атина каде што ќе учествува на третиот Конгрес на грчката опозициска партија СИРИЗА.

    Тој оценува дека соработката меѓу Македонија и Грција е на прилично високо ниво и коментира дека „има точки каде се соработува и напредува многу брзо, има и точки каде соработката е со умерено темпо“, истакнувајќи дека, сепак, напредокот е очигледен и нема застој, нема назадување.

    – Ги видовме премиерите Ковачевски и Мицотакис пред некој ден во Делфи на заедничка, конструктивна пријателска средба. Уверен сум дека граѓаните и политичките сили кои сакаат пријателство и соработка наместо изолација и конфликт се сериозно побројни и подоминантни во споредба со оние другите, и тоа во двете држави – истакнува Заев.

    На прашањето за Договорот од Преспа, одговара со неколку прашања, „дали пред 2018 година бевме соседи кои не се слушаат, кои не комуницираат и кои имаат непријателски однос едни кон други?“, но и „дали сега сме соседи кои се заедно во НАТО, кои се поддржуваат и штитат меѓу себе, дали компаниите од двете земји соработуваат повеќе од претходно“, како и „дали конечно Грција нема проблем со тоа што ние сме Македонци од Северна Македонија?“

    – Ве повикувам Вам, но и сите кои ќе го прочитаат ова интервју, ставете ја десната рака на вашето срце и одговорете си ги овие прашања, онака како што јас го правам тоа во овој момент. Јас велам: вредеше. И велам дека допрва ќе вреди – истакнува Заев.

    За одлуката да си поднесе оставка, објаснува дека „тоа беше сосема исправен и одговорен потег кој покажа и покажува што значи да се чуе гласот на народот и што значи и во најтешките моменти да се придонесува кон политичките вредности за кои се борел и се бори СДСМ“.

    – Демократските, европските и вредностите на солидарноста мора да бидат на пиедесталот. И кога се соочувате со одлуката да изберете меѓу себе и вредностите за кои сте се бореле целиот ваш живот, тогаш одлуката мора да биде во корист на вредностите и во корист на зачувување и развој на се она што сте постигнале низ годините. Многумина ми рекоа дека во вакви ситуации најтешко е да се износиш со сопственото его. Јас, фала му на Бога, немав никаков предизвик да го сторам тоа – објаснува Заев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img